logo
logo
logo

Џонг-хјун: Претседателот Јун Сук-јеол лично го прегледа декретот за воведување воена состојба

Vecer | 11.12.2024

Џонг-хјун: Претседателот Јун Сук-јеол лично го прегледа декретот за воведување воена состојба

Доскорешниот министер за одбрана ова им го кажа на обвинителите за време на неговото прво испрашување по апсењето, објави денеска Јонхап.

За време на петчасовното испрашување, поранешниот министер за одбрана наводно сведочел дека Јун Сук-јеол лично извршил правна ревизија на прогласувањето воена состојба и дека тој и претседателот заедно го напишале последниот нацрт, додека Јун Сук-јеол уредувал дел од содржината.

Ким Џонг-хјун, исто така, рече дека на 1 декември доделил должности поврзани со прогласувањето воена состојба на највисоките воени функционери, кога се обидел да влезе во објекти поврзани со Националната изборна комисија за да обезбеди докази поврзани со наводите за наводна изборна измама.

Поранешниот министер за одбрана во текот на изминатата ноќ се обидел да си го одземе животот во притворскиот центар „Донгбу“ во Сеул, каде што се наоѓа под обвинение за бунт, но моментално е во стабилна состојба, соопшти Министерството за правда.

Ким беше уапсен под обвинение дека му помагал на претседателот Јун Сук-јеол да ја спроведе прогласената воена состојба, која беше окарактеризирана како бунт.

Според законот, планирањето бунт се казнува со смрт, доживотен затвор или минимална казна затвор од пет години.

Јужнокорејската казнена служба на состанокот на парламентарната законодавна комисија објави дека Ким е во заштитна ќелија по обидот да си го одземе животот./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk