logo
logo
logo

ОСНОВАЧОТ НА ТЕЛЕГРАМ ЈА НАПУШТА ФРАНЦИЈА

Vecer | 15.03.2025

ОСНОВАЧОТ НА ТЕЛЕГРАМ ЈА НАПУШТА ФРАНЦИЈА

ПАРИЗ: Основачот на Телеграм, Павел Дуров, кој беше обвинет во Париз за соучество во криминални активности, денеска ја напушти Франција со судска дозвола, потврдија три извори запознаени со случајот, објави Фигаро.

Истражен судија пред неколку дена го прифати барањето на Дуров за промена на судскиот надзор и му дозволи да ја напушти Франција на „неколку недели“, изјави еден од изворите.

„Тој утрово ја напушти Франција со согласност“ на властите, потврди друг извор, додека, според трет извор, Дуров утрово ја напуштил Франција преку аеродромот Ле Бурже, во близина на Париз.

Според еден извор, Дуров заминал од Франција за Дубаи.

Кон крајот на август 2024 година, Дуров беше обвинет во Франција за неограничување на дистрибуцијата на криминална содржина на Телеграм, а подоцна беше ослободен од притвор со кауција од пет милиони евра, со строг судски надзор, обврска да се јавува во полициска станица двапати неделно и забрана за напуштање на Франција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk