logo
logo
logo

Еквадор прогласи вонредна состојба пред вториот круг од претседателските избори

Vecer | 13.04.2025

Еквадор прогласи вонредна состојба пред вториот круг од претседателските избори

Мерките се воведени поради драматично зголеменото насилство поврзано со наркокартелите. Вонредната состојба ќе трае 60 дена и вчера стапи во сила.

Актуелниот претседател на Еквадор Даниел Нобоа на изборите се соочува со кандидатот од левицата, Луиса Гонзалес, во услови на растечко насилство

Во указот на претседателот Нобоа се наведува дека мерката е неопходна поради „ескалацијата на насилство, тешки злосторства и интензивни незаконски активности на организирани вооружени групи“.

Вонредната состојба вклучува укинување на некои граѓански слободи, како заштитата од неовластени претреси и слободата на собирање, а во повеќе градови се воведува и полициски час.

Нобоа, кој е на власт од 2023 година, и претходно воведуваше вакви мерки за борба против картелското насилство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk