„Доколку постои закана за подводната критична инфраструктура во нашиот регион, ќе има и одговор“ напиша Цакна на платформата Икс.
Финските власти го задржаа бродот поврзан со Русија, кој моментално се наоѓа во финските територијални води, за да истражат дали тој го оштетил кабелот за пренос на струја во Балтичкото Море и неколку интернет кабли, соопшти финската полиција.
Финската полиција и граничната служба вчера извршија контрола на бродот Eagle S, преземајќи ја командата врз него, соопшти началникот на полицијата во Хелсинки, Јари Лиуку, на прес-конференција.
Припадниците на крајбрежната стража се качија на бродот, кој е регистриран на Куковите Острови, додека тој се наоѓаше во Балтичкото Море, и го пренасочија во финските води.
Истрагата се фокусира на сомнежот дека сидрото на бродот Eagle S го оштетило кабелот, објави финскиот јавен сервис Yle, повикувајќи се на полициски извори.
Електричниот кабел Естлинк 2, кој пренесува струја од Финска до Естонија преку Балтичкото Море, беше оштетен во средата. Поправката на овој 170-километарски интерконектор ќе трае неколку месеци, а прекинот на кабелот може да предизвика потешкотии во снабдувањето со електрична енергија за време на зимата, соопшти финскиот оператор за пренос на електрична енергија Fingrid./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата