logo
logo
logo

“Европската унија треба да се укине, ДА СЕ ВРАТИ СУВЕРЕНИТЕТОТ НА ДРЖАВИТЕ“

Vecer | 07.12.2025

“Европската унија треба да се укине, ДА СЕ ВРАТИ СУВЕРЕНИТЕТОТ НА ДРЖАВИТЕ“

Американскиот бизнисмен, веројатно најбогат човек во светот и близок соработник на американскиот претседател Трамп, Илон Маск, повика на ликвидација на Европската Унија и враќање на целосниот суверенитет на поединечните држави, за да, како што вели тој, „владите можат подобро да ги претставуваат своите народи“.

„ЕУ треба да се укине, а суверенитетот да им се врати на државите“, напиша Маск на Твитер, додавајќи дека европската бирократија „полека ја задушува Европа до смрт“ и се прашува „од што точно САД ја штитат ЕУ“.

Брисел претходно објави дека платформата X е казнета со 120 милиони евра, потврди портпаролот на Европската комисија, Томас Рени.

Одговарајќи на објавата на Маск, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, се согласи со неговиот став во кратка порака на Твитер.

Тој кратко напиша: „Точно“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk