Новите мерки ќе вклучуваат зголемување на бројот на гранични патроли, употреба на повеќе беспилотни летала и електронски детектори и поставување огради долж одредени делови од границата, пишува „Украинска Правда“.
Се очекува во наредниот период, пред летниот распуст, финскиот парламент да одобри нова, построга законска регулатива за безбедноста на границата со Русија.
Планираната легислатива ќе ѝ овозможи на финската гранична служба да ангажира илјадници резервисти да патролираат по границата барајќи телефонски сигнали од мигрантите, кои, доколку бидат откриени, ќе бидат испратени во центрите за притвор, а потоа ќе се вратат во Русија без да се прифатат нивните барања за азил.
„Финска не може едноставно да дозволи отворање на нова рута за мигрантите кон Европа. Сè на сè, ова не е мигрантска рута, туку ситуација во која властите на друга земја помагаат или дури ги туркаат мигрантите кон финската граница“, рече Финската министерка за внатрешни работи, Мари Рантанен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата