Околу сто километри долгиот брег меѓу Сиеста Ки, каде што Милтон дојде до брегот, и плажата Форт Мајерс го претрпеа најлошото невреме, јави Си-Ен-Ен.
Бидејќи ветровите што го носеа Милтон дуваа спротивно од стрелките на часовникот околу неговиот центар, најлошото невреме беше забележано таму каде што ветрот дуваше кон брегот, или источно и јужно од центарот на ураганот. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата