logo
logo
logo

Фон дер Лајен и Кошта му го честитаа на Дан изборот за претседател на Романија

Vecer | 19.05.2025

Фон дер Лајен и Кошта му го честитаа на Дан изборот за претседател на Романија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта упатија „искрени“ и „најтопли“ честитки за победата на градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан на вчерашниот втор круг од изборите за претседател на Романија. 

- Од градското Собрание до место во Европскиот совет. Искрени честитки до Никушор Дан за победата на романските претседателски избори, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс. 

Според неа, изборот на Дан за претседател на Романија е силен сигнал за приврзаноста на Романците кон европскиот проект. 

- Се радувам на соработката со вас за подобра Европа и подобра Романија. Искрени честитки, додаде Фон дер Лајен во објавата. 

Упатувајќи му најтопли честитки на Дан за победата, Кошта, исто така во објава на Икс, посочи дека романскиот народ масовно излезе на гласачките места, избирајќи го ветувањето за отворена и просперитетна Романија во силна Европа. 

- Заедно да го исполниме тоа ветување. Се радувам на соработката со вас, додаде Кошта во честитката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk