Видеото од грозоморното насилство заврши на мрежите, а директорот на градинката Никола Белубе побара воспитувачката веднаш да биде суспендирана.
Францускиот „Фигаро“ пренесува дека родителите на детето кое беше брутално претепано поднеле тужба против учителката, откако дознале дека нивната тригодишна ќерка претрпела насилство.
На видеото се гледа како негувателката со сета сила го удира детето, кое од силината на ударот паѓа на подот. Детето неконтролирано плаче, додека другите деца збунето ја гледаат целата сцена, немоќни да ѝ помогнат.
По ударите, восиптувачката го испраќа детето во ќош, а потоа ѝ прска течност од непознато потекло на лицето и вели: „Еве, добро си сега?“
Наводно, видеото го снимила мајката на едно од децата од групата на 3 септември. Таа веднаш по снимањето на грозоморните сцени на насилство отишла кај родителите на претепаното девојче и им покажала сѐ.
Мајката за медиумите изјавила дека детето сега за прв пат формира помлада група и дека и детето се жалело дека било претепано претходните денови.
„Видеото е создадено кога била присутна друга мајка. Таа прво помислила дека учителката се обидува да го смири плачот на детето“, рекол адвокатот на семејството.
Une Maîtresse violente une petite fille de petite section et lui asperge un liquide sur la tête dans une école du 15 ème arrondissement de Paris. Une plainte a été déposée. En tant qu’avocate je mènerai ce combat main dans la main avec la famille, en tant que maman mon cœur… pic.twitter.com/5LQ6O6XP5f
— Vanessa EDBERG (@EdbergVanessa) September 9, 2024
Мајката вели дека детето добило медицинска и психолошка помош, а детето претрпело траума, дека веќе никого не гледа во очи и дека одбива да зборува за воспитувачката во градинка.
За кратко време видеото собрало повеќе од 300.000 прегледи на мрежите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата