logo
logo
logo

Француски министер: Со нашите партнери нема да потклекнеме пред американските закани

Vecer | 13.03.2025

Француски министер: Со нашите партнери нема да потклекнеме пред американските закани

„Доналд Трамп ја ескалира трговската војна што ја започна, а Франција е решена да одговори заедно со Европската комисија и партнерите“, додаде министерот во објава на социјалната мрежа Икс.

Тој нагласи дека Франција ќе ја заштити својата индустрија, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија.

Трамп во објава на социјалните мрежи предупреди дека ќе воведе царини за европскиот алкохол доколку Европската унија не го укине данокот за американското виски, пишува Блумберг.

Властите во Брисел го оданочија американското виски за да се одмаздат на царините на Трамп за челик и алуминиум кои вчера стапија на сила.

„Доколку оваа тарифа не биде веднаш отстранета, САД наскоро ќе воведат царина од 200 отсто за сите вина, шампањ и жестоки пијалоци кои доаѓаат од Франција и другите земји од Европската унија“, напиша Трамп за европските давачки за вискито.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk