Габард, говорејќи пред Комисијата за разузнавање, ги отфрли стравувањата од надворешно мешање, и покрај тоа што американските служби со години документираат обиди на држави како Русија, Кина и Иран да влијаат врз изборниот процес. Таа нагласи дека заедницата останува целосно фокусирана на собирање информации за потенцијални закани, но дека до овој момент такви податоци не се евидентирани.
Ваквата оцена предизвика дебата во Сенатот, при што сенаторот Марк Ворнер од Демократската партија истакна дека ова е прв случај од 2017 година во годишниот извештај да не се споменуваат обиди за странска интервенција. На неговото директно прашање дали навистина нема никаква закана за овогодинешното гласање, Габард повтори дека досегашните разузнавачки податоци не укажуваат на такви активности од странски актери.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата