logo
logo
logo

Германија ќе биде домаќин на конференција за обнова на Украина

Vecer | 11.06.2024

Германија ќе биде домаќин на конференција за обнова на Украина

Дводневната конференција во Берлин се одржува пред самитот на најголемите украински сојузници Г7 во Италија и глобалниот мировен самит во Швајцарија во текот на викендот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да присуствува на собирот, на кој германските домаќини велат дека ќе има околу 2.000 претставници од политиката, бизнисот и другите сфери.

Минатата година, на слична конференција во Лондон, сојузниците на Украина и ветија неколку милијарди долари невоена помош за изградба на инфраструктура, борба против корупцијата и забрзување на нејзиното членство во Европската унија. Оваа година централна тема ќе бидат реформите.

„Вложуваме максимални напори Украина наскоро да заземе место на масата на Европската унија - затоа што, покрај нашата воена поддршка, ова е најдобрата одбрана што постои“, рече германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk