logo
logo
logo

Германија отвори прва рафинерија на литиум во Европа, производството дволно за 500.000 возила

Vecer | 19.09.2024

Германија отвори прва рафинерија на литиум во Европа, производството дволно за 500.000 возила

Рафинеријата е изградена за нешто повеќе од две години и чинела околу 140 милиони евра.

Поголемиот дел од литиумот за фабриката ќе дојде од Бразил. Задачата на рафинеријата е потоа да го претвори суровиот материјал во литиум хидроксид компатибилен со батерии. Се очекува фабриката да произведува 20.000 тони литиум хидроксид годишно, што е доволно за напојување на 500.000 електрични возила.

Литиумот е клучна компонента во производството на батерии за електрични возила (EV). Тоа е елемент кој е многу баран како резултат на глобалната транзиција кон зелена енергија.

Како одговор на нејзината растечка побарувачка, ЕУ предложи Акционен план за критични суровини за 2020 година, кој има за цел да ја намали зависноста на Европа од надворешни извори на снабдување.

Во моментов, повеќето хибридни и електрични возила користат литиум-јонски батерии. Генералниот директор на „AMG Lithium“ Стефан Шерер рече дека „ако сакате одредени перформанси и опсег на возење, тогаш литиум-јонската батерија е едноставно непобедлива“.

Во иднина овде ќе се произведува литиум од европските рудници, како Португалија и планината Ерзгебирге (Крушне Хори) на границата на Чешка и Германија, пренесува Euronews.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk