„Во тек е интензивна истрага за да се утврди дали постои сомневање за саботажа на оваа важна алка. Нашата федерална полиција е во контакт со шведските и финските власти“, рече портпаролот, според Ројтерс.
Кабелот за податоци под Балтичкото Море меѓу Финска и Германија е пресечен и се истражуваат причините за прекинот, соопштија во понеделникот финските власти.
Финскиот државен давател на услуги за податоци, Cinia, соопшти дека открил „дефект“ на кабелот C-Lion1, кој поминува под морето на речиси 1.200 километри од финската престолнина Хелсинки до германскиот пристанишен град Росток, пренесе АП.
C-Lion1 беше пуштен во употреба во 2016 година и е единствениот фински кабел за податоци што тече од нордиската земја директно до централна Европа, според финскиот јавен радиодифузен сервис Ile.
Финските медиуми јавуваат дека трасата на кабелот до Германија минува во близина на двата гасоводи „Северен тек“ меѓу Русија и Германија кои во моментов не функционираат.
Некои европски влади ја обвинија Русија за интензивирање на хибридните напади против западните сојузници на Украина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата