logo
logo
logo

Германската војска добива поголеми овластувања во борбата против дронови

Vecer | 14.01.2025

Германската војска добива поголеми овластувања во борбата против дронови

Агенцијата додава дека планот ќе биде разгледан утре. Германија е во состојба на готовност од почетокот на војната во Украина поради можни хибридни напади од Русија.

Според планираната измена на тој закон, локалните власти ќе можат да побараат од армијата да реагира доколку сметаат дека е потребно.

На војската ќе ѝ биде дозволено да употреби сила против нелегални беспилотни летала во случај на непосредна, особено сериозна опасност, се наведува во нацртот.

Владата на канцеларот Олаф Шолц има намера да гласа за амандманот во Долниот дом на парламентот пред федералните избори на 23 февруари, но не е сигурно дека ќе го има потребното мнозинство за овој потег.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk