logo
logo
logo

Германската железница укинува 30.000 работни места

Vecer | 26.07.2024

Германската железница укинува 30.000 работни места

Од јануари до јуни „Дојче бан“ работел со нето загуба од 1,2 милијарди евра, што е повеќе од три пати поголема сума отколку во истиот период минатата година.

Приходите му се намалени за три отсто, на 22,3 милијарди евра. Компанијата минатата година ја заврши во минус, од 2,4 милијарди евра, приближно десет пати повеќе од 2022 година, истакнувајќи ги инвестициите во модернизацијата на железницата, високите трошоци за енергија, задолжувањата и штрајковите.

Инвестициите во првите шест месеци достигнаа 7,3 милијарди евра и беа за 18 отсто поголеми од лани. Германскиот логистички гигант инвестира во инфраструктурата со поддршка на Владата, а менаџментот меѓу оптоварувањата на бизнисот ги посочува штрајковите и проблемите со одржувањето. Владата веќе ѝ исплатила три милијарди евра на групацијата, така што нето финансискиот долг на крајот на јуни бил за една милијарда евра помалку од лани, забележуваат оттаму.

Сите делови од работењето на Дојче Бан мора да се вратат на профит, нагласи главниот финансиски директор Левин Холе. „За да го постигнеме ова, мораме значително да ја подобриме трошковната ефикасност“, додаде Холе и рече дека „нивната цел е да го намалат бројот на постојано вработени во следните пет години за околу 30.000“.

Планираниот број на отпуштања приближно одговара на „природниот промет“ на работниците во период од две години, тврди Холе, додавајќи дека само оваа година ќе бидат укинати 1.500 административни работни места.

„Во иднина мораме да обезбедиме повеќе железнички услуги со помалку луѓе“, заклучи финансискиот директор на Дојче Бан, додавајќи дека дигитализацијата и автоматизацијата ќе им помогнат во административните „процеси“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk