Шефот на германската држава закажа предвремени парламентарни избори на 23 февруари, откако трипартиската владејачка коалиција предводена од канцеларот Олаф Шолц се распадна.
Шолц го загуби гласањето за доверба во парламентот претходно овој месец, по повлекувањето на Слободната демократска партија (ФДП), чиј лидер е министерот за финансии Кристијан Линднер. Со тоа, владата остана без поддршка на парламентарното мнозинство.
Губењето на довербата го означи фактичкиот почеток на изборната трка за нов канцелар на Германија. Според досегашните анкети, фаворит за наследник на Шолц е лидерот на конзервативната коалиција Христијанско-демократска/Христијанско-социјална унија (ЦДУ/ЦСУ), Фридрих Мерц.
Тој ја обвини владата за преголеми регулации кои го задушиле економскиот раст. Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на Шолц во повеќето анкети заостанува зад ЦДУ/ЦСУ за повеќе од 10 процентни поени.
Крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ исто така ја надминува СПД во анкетите, иако со мала предност. На четврто место засега се наоѓаат „Зелените“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата