logo
logo
logo

Гил: ЕУ ќе реагира соодветно и на евентуални американски реципрочни царини

Vecer | 12.03.2025

Гил: ЕУ ќе реагира соодветно и на евентуални американски реципрочни царини

ЕУ ќе реагира соодветно на евентуалното воведување реципрочни царини од страна на САД, кои би биле одговор на мерките што ги денеска ги презеде Унијата по стапувањето во сила на американските царини за увоз на челик и алуминиум, изјави портпаролот на Европската комисија за економска безбедност, трговија, финансиски услуги и царини Олоф Гил. 

- Многу јасно ставивме до знаење дека ние ќе реагираме ако САД ги остварат своите закани за воведување царини на увозот на челик и алуминиум од ЕУ и реагиравме. Многу јасно кажуваме и дека САД треба да се воздржат од реципрочни царини, а доколку ги воведат ќе одговориме брзо и силно, како што направивме и денеска, рече Гил. 

Според него, со денешната одлука за одговор на американските царини, ЕУ покажала дека е решена да реагира брзо, цврсто и соодветно во согласност со своите и со правилата на Светската трговска организација. 

- Тоа е пристапот што ќе го задржиме и за какви било идни мерки што би ни биле воведени неправедно, додаде Гил. 

Тој потенцира дека ЕУ денеска не вовела реципрочни царини кон САД, туку само одговорила на донесените одлуки од страна на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. - Она што се случи утринава не е поврзано со реципрочни царини. Денеска се случи воведување на царини за сиот увоз на производи од челик и алуминиум во САД, вклучително и од ЕУ и ние само го дадовме одговорот на Унијата на овие мерки, рече Гил. 

Како одговор на денешното стапување во сила на царините од 25 отсто за увозот на челик и алуминиум од Европската Унија во САД, Европската комисија денеска воведе серија контрамерки./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk