Европа се соочува со тешки зимски услови кои предизвикаа сериозни нарушувања во авио-сообраќајот, железницата и секојдневниот живот на северот и западот на континентот.
Силното невреме, проследено со снежни врнежи и леден дожд предизвика хаос од Британија до Скандинавија, со сериозни последици по инфраструктурата и сообраќајот.
Во Германија снежните врнежи и дождот предизвикаа откажување на повеќе од 100 летови на најголемите аеродроми. На франкфуртскиот аеродром се откажани 120 полетувања и слетувања од вкупно 1.090 планирани, додека во Минхен се откажани 35 летови.
Слични проблеми се забележани и во Британија, а скандинавија се подготвува за уште поекстремни зимски услови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата