Соседите го снимиле моментот кога криминалците пристигнуваат до нивниот автомобил, грабаат облека и кожни производи, а потоа ставиле сѐ во багажникот и избегале.
Разбојниците прво со „ауди“ го скршиле излогот во 6-тиот арондисман на француската престолнина, јавува Франс ТВ Инфо.
Тие без многу брзање го натовариле пленот во возилото и исчезнале без трага. Зад себе останала само снимката која ѝ е предадена на полицијата.
На крадците не им пречел алармот кој се огласил во истиот момент кога го скршиле прозорецот. Биле четворица, а носеле маски и ракавици.
Потсетуваме, истиот дуќан на почетокот на октомври беше цел на разбојници, а тогаш била одземена стока вредна стотици илјади евра.
Откако со автомобил го скршиле излогот, крадците однеле повеќе од 100 брендирани предмети.
Дали се работи за истата криминална група ќе се утврди со понатамошна полициска истрага.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата