logo
logo
logo

Градоначалничката ужива во Гана, додека Лос Анџелес гори- граѓаните бесни (ВИДЕО)

Vecer | 15.01.2025

Градоначалничката ужива во Гана, додека Лос Анџелес гори- граѓаните бесни (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се објавени фотографии од забавата што предизвика негодување кај граѓаните.

Бас беше во западноафриканската земја како дел од делегацијата на администрацијата на Бајден на инаугурацијата на претседателот на Гана, Џон Драмани Махама, на која таа присуствуваше претходно истиот ден.

Таа отпатувала во странство на 4 јануари и се вратила во Лос Анџелес околу 11 часот на 8 јануари, повеќе од 24 часа по почетокот на пожарите, објави Лос Анџелес Тајмс.

Додека се вратила дома, пожарот веќе беснеел низ градот.

Портпаролот на градоначалничката рече дека американскиот амбасадор во Гана приредил прием на делегацијата пред групата да замине за САД со воен авион.

„Бас го помина поголемиот дел од забавата на телефон во посебна просторија“, рече тој.

Фотографиите се направени само неколку минути пред да биде издадена наредбата за евакуација.

Фотографијата на Instagram и LinkedIn ја објави Мариса Буман, вработена во градот која не била дел од официјалната делегација.

„Претседателската делегација беше на гости кај американскиот амбасадор во Гана “, рече портпаролот на Бас, Зак Сеидл, мислејќи на воениот лет на Бас за Вашингтон, пред да се качи на комерцијален лет за Лос Анџелес.

Саидл рече дека делегацијата ја напуштила куќата на амбасадорот помеѓу 20 и 20:30 часот по локално време, упатувајќи се директно на пистата на воената база каде што градоначалничката „до 21 часот се враќала во Лос Анџелес со воен лет“. Тоа значи дека нејзиното заминување од забавата би било помеѓу 12 и 12:30 часот по време во Лос Анџелес на 7 јануари.

За потсетување, најмалку 25 луѓе загинаа во пожарите во Лос Анџелес, додека илјадници згради се уништени. Граѓаните, кои изгубија сѐ во пожарот, се бесни за начинот на кој надлежните одговорија на кризата, но и поради тоа што градоначалничката не беше присутна додека огнот голташе сѐ пред себе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk