logo
logo
logo

Гутереш ќе присуствува на самитот на БРИКС во рускиот град Казан

Vecer | 22.10.2024

Гутереш ќе присуствува на самитот на БРИКС во рускиот град Казан

„Генералниот секретар Гутереш ќе присуствува на самитот на БРИКС, како и претходно во Јужна Африка“, рече заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак на прес-конференција, објави Анадолија.

Ова, рече тој, е „стандардна практика за учество на состаноци на организации со голем број важни земји-членки“.

Тој посочи дека оваа „средба е од големо значење за работата на Обединетите нации, бидејќи земјите од БРИКС претставуваат околу половина од светското население“.

Хак додаде дека шефот на ОН ќе одржи неколку билатерални средби на маргините на самитот.

Лидерите на земјите од БРИКС пристигнуваат во Казан за да учествуваат на самитот на таа организација на кој се очекува да присуствуваат 22 шефови на држави и шест шефови на меѓународни организации.

Тридневниот самит на БРИКС ги вклучува долгогодишните членки Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, заедно со Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

БРИКС е меѓувладина организација која е основана во 2009 година, а земји основачи се Бразил, Русија, Индија и Кина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk