logo
logo
logo

И Мелони повикува на укинување на европската забрана за автомобили на бензин

Vecer | 08.12.2025

И Мелони повикува на укинување на европската забрана за автомобили на бензин

Мелони сака рокот да се ублажи за да се овозможи продолжување на продажбата на „plug-in“ хибриди, објави денеска британскиот весник „Гардијан“.

Во писмо до Европската комисија, потпишано и од лидерите на Полска, Чешка, Словачка, Унгарија и Бугарија, се тврди дека строгиот рок ќе ја уништи европската автомобилска индустрија која се бори против кинеските ривали за производство на поевтини електрични автомобили.

- Нема ништо зелено во врска со индустриската пустош, се нагласува во писмото.

Европската комисија во среда треба да се изјасни за 2035 година како рок, кој беше воведен пред само три години, давајќи ѝ на авто-индустријата три години да развие електрични возила.

Комисијата соопшти дека писмото на Мерц од пред десет дена со повик да се помести рокот е позитивно примено, што укажува дека рокот ќе биде ублажен, пишува „Гардијан“.

Зелените, сепак, велат дека секое одложување на рокот би било уништување на Зелениот договор кој го создаде и во 2022 година го потпиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Тие се поддржани од шведските производители „Волво“ и „Полестар“ и индустријата за полначи за батерии.

Мелони и лидерите на уште пет земји-членки повикуваат улогата на „plug-in“ хибридните електрични возила и технологијата на горивни ќелии да се зачува и по 2035 година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk