logo
logo
logo

Инаугуриран новиот претседател на Грузија, Зурабишвили на

Vecer | 29.12.2024

Инаугуриран новиот претседател на Грузија, Зурабишвили на

 Во Грузија денеска е инаугуриран Михаил Кавелашвили лојалист на владејачката партија за претседател и покрај тоа што неговиот избор беше прогласен за „нелегитимен“ од лидерката во заминување и опозициските групи.

Екстремно десничарскиот поранешен фудбалер положи заклетва на парламентарна церемонија неколку моменти откако претседателката во заминување Саломе Зурабишвили вети дека ќе се бори против партијата Грузиски сон што го контролира Парламентот.

Зурабишвили изјави дека е „единствениот легитимен претседател на земјата“, одбивајќи да се повлече бидејќи нејзиниот мандат заврши денеска со инаугурацијата на спорниот наследник.

„Останувам единствениот легитимен претседател“, им рече таа на илјадниците про-ЕУ демонстранти.

„Ќе ја напуштам претседателската палата и ќе застанам со вас носејќи го со себе легитимитетот, знамето и вашата доверба“.

Михаил Кавелашвили е поранешен фудбалер на Манчестер Сити, и се смета за сојузник на владејачката партија Грузиски сон. 

Во моментот во Тбилиси има големи демонстрации против изборот на Кавелашвили за претседтаел на државата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk