logo
logo
logo

Иран бара гаранции од САД дека ќе ги укине санкциите

Vecer | 02.06.2025

Иран бара гаранции од САД дека ќе ги укине санкциите

-Сакаме гаранции дека санкциите навистина ќе бидат укинати, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај.

Франција, Велика Британија и Германија, заедно со Кина, Русија и САД, се потписнички на нуклеарниот договор склучен со Иран во 2015 година.

Текстот, што предвидува укинување на санкциите против Техеран во замена за рамка за неговите нуклеарни активности, де факто стана застарен откако САД се повлекоа од овој договор во 2018 година, за време на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп .

Американскиот претседател, кој сака нов договор со Иран, ја покани земјата на разговори во март, но се закани дека ќе ја бомбардира доколку дипломатијата не успее.

Двете земји, кои се непријатели веќе цели четири децении, на 12 април со посредство на  Оман започнаа разговори за ирансклата нуклеарна програма.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk