logo
logo
logo

Иран делумно го ослободи пристапот до интернет, дозволени телефонски разговори со странство

Vecer | 17.04.2026

Иран делумно го ослободи пристапот до интернет, дозволени телефонски разговори со странство

Според информациите од Техеран, повторно се дозволени меѓународни повици преку фиксна телефонија, а повиците преку мобилни телефони остануваат блокирани.

Дел од онлајн-услугите, вклучително и оние на „Гугл“, повторно се достапни, но функционираат нестабилно.

Иранските власти во голема мера го ограничија пристапот до интернет на крајот на февруари дозволувајќи користење само на таканаречениот национален интернет, што овозможува пристап исклучиво до одобрени домашни веб-страници. Некои од воените и безбедносните структури задржаа неограничен пристап до интернет.

Владата во Иран ги правдаше мерките дека се донесени од безбедносни причини, а одредени аналитичари сметаат дека ограничувањата биле насочени и кон спречување ширење информации за последиците од војната и за севкупното расположение во земјата.

Од минатата седмица во сила е двонеделно примирје меѓу САД и Иран. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk