logo
logo
logo

Иранскиот претседател: Над 14 милиони Иранци се подготвени да ги дадат животите за одбрана на земјата

Vecer | 07.04.2026

Иранскиот претседател: Над 14 милиони Иранци се подготвени да ги дадат животите за одбрана на земјата

„Повеќе од 14 милиони горди Иранци досега изразија подготвеност да ги жртвуваат своите животи во одбрана на Иран. И јас бев, сум и ќе бидам подготвен да го жртвувам својот живот за Иран“, напиша Пезешкијан на платформата Икс.

Претходно денеска, иранскиот заменик-министер за млади и спорт, Алиреза Рахими, ги повика Иранците, вклучувајќи ги младите, уметниците и спортистите, да формираат „живи синџири“ пред електраните низ земјата за да ги осудат заканите од САД за бомбардирање на енергетските постројки.

„Ќе се држиме за раце за да порачаме дека нападите врз јавната инфраструктура се воено злосторство“, рече Рахими во видео порака, пренесе „Ал Џазира“.

Овој негов повик уследи по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ја нападне иранската цивилна инфраструктура, вклучувајќи ги мостовите и електраните, доколку Ормутскиот теснец не биде целосно отворен за пловидба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk