Шефот за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, ги отфрли сомневањата дека Израел го извршил нападот на местото на годишните демонстрации за Денот на Кудс во Техеран, нарекувајќи го чин на „очај“, додека присуствуваше на масовниот митинг со други високи функционери, објави „Тајмс оф Израел“.
„Овие напади се од страв, од очај. Силна личност воопшто не би бомбардирала демонстрации. Јасно е дека тоа не успеа“, изјави Лариџани за државната телевизија додека маршираше низ митингот, кој се одржува секоја година за да се изрази поддршка за палестинската кауза и противење на Израел.
High-profile Iranian figures Ali Larijani and Mohammad Eslami ,head of Iran’s Atomic Energy Organization, seen marching through Tehran today .@amichaistein1 pic.twitter.com/0IzEFyie6Y
— Open Source Intel (@Osint613) March 13, 2026
Со пркосен тон, тој рече дека американскиот претседател Доналд Трамп „не разбира дека иранскиот народ е храбар народ, силен народ, решителен народ. Колку повеќе врши притисок, толку посилна ќе биде решителноста на нацијата“.
Присуството на Лариџани е едно од најзначајните јавни појавувања на иранските функционери откако во нападот на 28 февруари беа убиени врховниот лидер Али Хамнеи и други високи функционери.
На митингот присуствуваа и шефот на судството, Голам Хосеин Мохсени Еџаи, и шефот на националната полиција, Ахмад-Реза Радан, покажаа снимки од државната телевизија.
Носејќи слики од Али Хамнеи и неговиот син и наследник Моџтаба Хамнеи, луѓето маршираа низ Техеран на годишниот настан, газејќи по слики од Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според новинарите на АФП.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата