logo
logo
logo

Италија: Не се подготвуваат тајни договори со Иран за Ормутскиот Теснец

Vecer | 13.03.2026

Италија: Не се подготвуваат тајни договори со Иран за Ормутскиот Теснец

Извори блиски до кабинетот на италијанската премиерка Џорџа Мелони изјавија дека немало „билатерални преговори или директни разговори со Иран за да се осигура премин на италијанските бродови низ Ормутскиот Теснец“.

Извори во италијанското Министерство за надворешни работи исто така соопштија дека нема никаков таен договор во подготовка.

„Во своите дипломатски контакти, италијанските лидери имаат за цел да промовираат услови за општа воена деескалација“, изјавија тие. „Сепак, нема тајни преговори насочени единствено кон заштита на одредени трговски бродови на сметка на други“.

Елисејската палата првично не одговори на барањето за коментар на извештајот, пренесе ДПА.

„Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на „извори запознаени со напорите“, претходно јави дека двете земји иницирале преговори со Техеран за да обезбедат безбеден премин на нивните бродови низ теснецот, во обид да го обноват извозот на нафта и гас без да го продлабочат конфликтот.

Ормускиот Теснец, кој е широк околу 55 километри, се наоѓа помеѓу Иран и Оман и се смета за една од најважните поморски рути за глобалниот извоз на нафта.

Речиси ниту еден брод во моментов не може да го помине теснецот поради заканата од ирански ракети и беспилотни летала. Трговската пловидба таму е речиси целосно запрена од почетокот на последните судири на 28 февруари. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk