Организацијата вели дека Израел цели на воени локации во Дамаск, Дара, Латакија и Хама - вклучувајќи истражувачки центри, оружје, магацини и аеродроми.
Во израелските напади во Сирија загинале 416 војници во 2024 година, додаде организацијата.
Извори потврдиле за новинската агенција Ројтерс дека Израел извршил напади низ Сирија, насочени кон воздушни бази.
Два сириски безбедносни извори соопштија дека се уништени десетици хеликоптери и авиони, додека голем дел од инфраструктурата на базата е исто така оштетена.
Од израелска страна се уште нема официјална потврда, но на социјалните мрежи се објавени бројни снимки.
Tartus 🇸🇾🛳️🔥 pic.twitter.com/o3QTR7997v
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) December 9, 2024
🇸🇾🔥😳 Latakia, IDF air strikes on warships in the port pic.twitter.com/lEwlZ4haX3
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) December 9, 2024
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата