„Кан њуз“ објави дека во последниот час ИДФ идентификувала неколку возила со можни членови на Хезболах. Возилата биле во забранетата зона. Силите на ИДФ пукаа за да го спречат нивното пристигнување во областа.
ИДФ соопшти дека израелските воздухопловни сили се подготвени за акција, додека територијата на Либан и израелскиот одбранбен систем се во состојба на висока готовност.
Засега нема промени во директивите на израелската команда за цивилна заштита. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата