logo
logo
logo

Јужна Кореја одговори на ѓубрето од Северна- преку силен разглас пуштаа поп музика

Vecer | 22.07.2024

Јужна Кореја одговори на ѓубрето од Северна- преку силен разглас пуштаа поп музика

Звучниците, исто така, пуштаа вести за дезертираниот севернокорејски дипломат и јужнокорејски пејач кој го носи факелот на Олимпијадата во Париз.

Овој потег доаѓа откако Северна Кореја вчера повторно испрати балони полни со ѓубре кон Јужна Кореја. Сеул ги предупреди граѓаните да внимаваат на паѓање на предмети и остатоци и да пријават на властите доколку забележат балони. Сеул го обвини Пјонгјанг за ескалација на тензиите.

„Потезите на севернокорејската војска кои ги ескалираат тензиите може да доведат до критични последици за неа. Одговорноста за оваа ситуација е целосно на севернокорејската влада“, се вели во соопштението на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Сеул се надева дека пропагандните преноси емитувани преку граничните звучници би можеле да ги деморализираат севернокорејските војници и жителите на фронтот, нанесувајќи им удар на напорите на Пјонгјанг да го ограничи пристапот до надворешните вести за своите 26 милиони луѓе.

Вчерашното испраќање балони преку границата претставуваше деветта „офанзива со балони“ од крајот на мај. Во балоните биле користени стари хартии, парчиња ткаенина, догорчиња од цигари, потрошени батерии, па дури и ѓубриво. Северна Кореја соопшти дека првите балони биле лансирани како одговор на јужнокорејските активисти кои испратиле политички летоци на Север со нивните балони.

Во изјавата минатата недела, помладата сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, се закани со нови мерки против јужнокорејските цивилни летоци. Коментарите предизвикаа загриженост дека Северна Кореја би можела да организира посериозни провокации наместо да лансираат балони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk