logo
logo
logo

Катастрофа во Кина: Свлечиште затрупа куќи, исчезнаа 30 луѓе

Vecer | 08.02.2025

Катастрофа во Кина: Свлечиште затрупа куќи, исчезнаа 30 луѓе

Министерството за вонредни ситуации испрати стотици спасувачи и противпожарни екипи на местото на настанот во селото Џинпинг, округот Јунлиан, во близина на градот Јибин.

Две лица се извлечени живи, објави државната телевизија CCTV.

Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди сеопфатни напори за пребарување и спасување за да се минимизира бројот на жртви.

Свлечиштето се случи денеска околу 11:50 часот, а премиерот Ли Кечијанг побара истрага и проверка на потенцијалните геолошки опасности во околните области.

Ли додаде дека погоденото население треба да биде евакуирано за да се спречи нова катастрофа, објави новинската агенција Ксинхуа.

Локалните власти формираа команден центар за итни случаи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk