logo
logo
logo

Ќе преговараат ли Путин и Трамп на Алјаска за статусот на окупираните региони во Украина?

Vecer | 14.08.2025

Ќе преговараат ли Путин и Трамп на Алјаска за статусот на окупираните региони во Украина?

 Пред средбата, Трамп учествуваше на виртуелен самит со украинскиот претседател и уште неколку европски лидери, меѓу кои и британскиот премиер Стармер, францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц.

По нивниот состанок, Трамп ја заостри својата реторика и порача дека ќе има последици по Русија доколку не се стави крај на војната.

-Дали Русија ќе се соочи со некакви последици доколку Владимир Путин не се согласи да стави крај на војната по вашата средба во петок? –Да, ќе се соочи. Со какви? –Какви последици ќе има, нови санкции и царини? –Ќе има, не морам да кажам дека ќе има сериозни последици,- -Трамп.

Во меѓувреме, Министерството за финансии на САД привремено укина дел од санкциите врз Русија и оваа пауза ќе трае до 20-ти август.

Според информациите на британски Телеграф, Трамп ќе му предложи на Путин економски отстапки меѓу кои и отворањето на природните ресурси на Алјаска за руски интереси, како и делумно укинување на санкциите кон руската авијација.

Зеленски вели дека Путин не сака да постигне договор за мир, туку да ја окупира Украина и се противи на отстапување дел од украинската територија.

-Јас им кажав на моите колеги, претседателот на САД и нашите пријатели дека Путин дефинитивно не сака мир. Тој сака да ја окупира нашата држава и тоа сите ние добро го знаеме. Путин не може повеќе никого да прави будала,- -Зеленски.

Путин ја свика делегацијата која ќе присуствува на самитот на која изјави дека постигнувањето договор за крај на војната е во интерес на сите вклучени страни за да се создадат долгорочни услови за мир и дека следната фаза од контактите со САД би можела да биде постигнување договори во областа на контролата врз стратешкото офанзивно оружје.

Претходно американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер рече дека е можно на средбата да присуствува и Зеленски, кој неколку пати покажа интерес да разговара на највисоко политичко ниво, но сепак самитот ќе биде само помеѓу американскиот и рускиот претседател.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk