logo
logo
logo

Ќерката на Алексеј Навални со порака до татко ѝ на денот на погребот: Го даде животот за мене

Vecer | 01.03.2024

Ќерката на Алексеј Навални со порака до татко ѝ на денот на погребот: Го даде животот за мене

На денот на погребот таа објави постара фотографија на која се гушкаат и се смешкаат.

"Секој обично вели дека нивните родители се нивни примери. Во мојот случај, тоа е вистина. Тато, ти беше пример за многумина во светот. Твојот оптимизам и заразна, искрена насмевка. Твојата љубопитност и жед за ново знаење. Твојата неверојатна способност да се најде заеднички јазик со сите. Смисла за хумор. Упорност. Способност да се изберат зборови во вистински момент (или шега што ќе ги опушти другите во тешка ситуација). Твојата добрина, верба во добрината, во себе, во луѓето“, пишува Даша Навална.

Потоа додаде дека татко ѝ ја научил да живее по принципи уште од детството.

„Да живееме достоинствено со светла насмевка на лицето. Отсекогаш си бил и засекогаш ќе останеш мој пример. Мојот херој. Мојот татко. Те сакам многу, почивај во мир“, му порача Даша на својот татко.

Да потсетиме, Алексеј Навални беше погребан денеска на гробиштата во Москва.

До неговото вечно почивалиште го придружуваа неколку илјади поддржувачи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk