logo
logo
logo

Конгресот на САД ја потврди победата на Доналд Трамп

Vecer | 07.01.2025

Конгресот на САД ја потврди победата на Доналд Трамп

Потврдата се случи во кратка официјална церемонија, без многу врева и дебати на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот. Наспроти претходната сертификација на победникот на изборите во 2000 година,  демократот Џо Бајден, што беше пропратена со протести и упадот на 6 јануари 2021 година на толпа подржувачи на Трамп во Капитолот на САД.

Завршната сертификација ги потврди прелиминарните резултати според кои Трамп доби 312 електорски гласови, наспроти 226 за неговата противкандидка Камала Харис.

Потврдата на резултатите од изборите беше спроведено во кратка официјална церемонија, без многу тревога и дебати на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот. Претходната сертификација на победата на изборите во 2000 година на демократот Џо Бајден беше пропратена со протести и упадот на 6 јануари 2021 година на толпа подржувачи на републиканецот Трамп во Капитолот на САД, како резултат на што загинаа пет лица, меѓу нив и еден полицец, а беа ранети уште стотина.

На вчерашната седница претседаваше Харис, која ја извршува функцијата потпретседателка и претседавачка на Сенатот.

Харис во краток говор го призна својот пораз, додека актуелниот претседател Џо Бајден ја нагласи важноста на мирниот процес на пренос на власта.

Републиканската партија сега е во мнозинство во Сенатот, и ма мала предност во Претставничкиот дом. Овие фактори му даваат на Трамп поголема слобода да ги спроведе своите програми за намалување на даноците и борба против нелегалната имиграција.

Инаугурацијата на Трамп ќе се одржи на 20 јануари.

Трамп исто така најави дека планира да помилува одредени лица обвинети за учество во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

-Конгресот денеска ја потврди нашата голема победа на изборите – важен момент во историјата. MAGA!“ напиша Трамп на неговата социјална платформа „Truth Social“.

На крајот од 2022 година, Конгресот усвои законски мерки за зајакнување на заштитните механизми кои обезбедуваат законитост при сертификацијата.

Во новиот закон јасно е наведено дека улогата на потпретседателот е претежно церемонијална. Сите приговори против изборните резултати во која било сојузна држава сега треба да бидат поддржани од најмалку една петтина од составот на Претставничкиот дом и Сенатот пред  дебатите за нив. Претходно, за да се поднесе приговор за сертификацијата на резултатите во државата, беше доволно само со подршка на еден член на Претставничкиот дом и еден сенатор.

Покрај тоа, според законот, изборот на електори треба да се врши во согласност со државните закони усвоени пред денот на изборите, а гувернерите на сојузните држави се должни да го достават списокот на електори./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk