„Недвосмислено ги осудуваме сите дејствија насочени кон оштетување на здравјето, па дури и убивање или елиминирање на членови на раководството на суверен и независен Иран, како и раководството на други земји. Ги осудуваме таквите дејствија“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите кога беше прашан за реакцијата на Русија на смртта на Лариџани.
Русија, која изгради и помага во работењето на единствената нуклеарна централа во Иран, остро ги критикуваше воздушните напади на САД и Израел врз Иран, близок партнер, и повика на итно прекин на огнот и преговори.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата