logo
logo
logo

Министрите за трговија на ЕУ ќе разговараат за тоа како да се справат со американските царини

Vecer | 07.04.2025

Министрите за трговија на ЕУ ќе разговараат за тоа како да се справат со американските царини

Министрите на ЕУ, исто така, се очекува да разговараат за реципрочни царини, како и за други мерки кои ќе бидат спроведени во случај напорите за преговори за решение со Вашингтон да не успеат.

Американската влада во саботата воведе универзални царини од минимум 10 отсто за увоз од речиси сите нејзини трговски партнери, откако Трамп претходно ги објави минатата недела.

Министрите на ЕУ ќе разговараат и за трговските односи со Кина, а комесарот за трговија на ЕУ Марош Шефчовиќ ќе ги информира за неговите неодамнешни разговори во Пекинг.

ЕУ со години се обидува да ја убеди Кина да ги прекине трговските практики, вклучително и субвенциите за кои блокот смета дека ја нарушуваат конкуренцијата, пренесе ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk