logo
logo
logo

Мистериозна смрт на Албанец во Германија, телото му го нашле во шума

Vecer | 03.12.2023

Мистериозна смрт на Албанец во Германија, телото му го нашле во шума

Телото на маж, за кој подоцна било утврдено дека има албанско потекло, било пронајдено во близина на бањата Холстен, откако 17-годишното момче дошло да ѝ се предаде на полицијата за убиството.

Се уште не е со сигурност утврдено дека тој е одговорниот за смртта на Албанецот Реолс Х. или дека вината ја презел друг.

Исто така, полицијата се уште не може со сигурност да каже дали Реолс е убиен во шумата во близина на термалните бањи или дали неговото тело е донесено таму, јавуваат локалните медиуми.

Единствено што со сигурност знаат во овој момент е дека убиениот е Реолс Х.(27) од селото Бурели во Албанија и дека од претходно им бил познат на германските органи на прогонот за бројни кривични дела.

Со оглед на тоа што тој немал никакви документи со себе во моментот кога било пронајдено неговото тело, биле потребни неколку дена за да го идентификуваат вештачењето и инспекторите.

Откако ги провериле отпечатоците од прсти земени во базата, сфатиле дека се работи за маж кој претходно бил уапсен и осуден во Германија.

Според Билд, Реолс Х. бил осуден во септември 2021 година за нанесување тешка телесна повреда. Имено, тој во април 2020 година до смрт претепал маж на паркинг на супермаркет. Тој го удрил човекот со тупаници и клоци додека беспомошно лежел на земја.

Годинава повторно се најде пред судија, но овој пат поради шверц на дрога и кршење на бројни германски закони. Имено, утврдено е дека Реолс нелегално работел кај бројни работодавци низ државата.

Исто така, до неговата смрт тој воопшто немал живеалиште во Германија.

Блиски на семејството на убиениот велат дека Реолс дошол во Германија пред четири години и оттогаш работи во градежништво.

„Не знам ништо за неговата работа со наркотици. Не знаеме ни кој е убиецот, Реолс никогаш не го спомна тоа мало момче“, изјавил роднина за Билд.

Дури и неговото семејство да не сакало да знае ништо за криминалното досие во Германија - според информациите на БИЛД, инспекторите за убиства се сигурни дека албанската мафија го имала на нишан 27-годишникот. Се говорело дека имало расправија за дрога.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk