logo
logo
logo

Москва ја поздравува одлуката на Вашингтон за стопирање дел од воената помош за Украина

Vecer | 02.07.2025

Москва ја поздравува одлуката на Вашингтон за стопирање дел од воената помош за Украина

Москва ја поздрави одлуката на САД да го запре дел од испораките на оружје за Украина, оценувајќи дека секое намалување на американската воена помош значи чекор поблиску до крајот на конфликтот.

Сфаќаме дека причината за оваа одлука е недостигот на оружје во американските магацини. Сепак, колку што се намалува испораката на оружје кон Украина, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков

Согласно информации од западни медиуми, Пентагон го прекинал снабдувањето со одредени противвоздушни ракети и прецизна муниција, поради стравување за сопствените резерви. Од украинска страна, високи официјални лица го оценуваат овој потег како болен, особено во момент кога руските воздушни напади се интензивираат.

Песков, истовремено, потврди дека Франција побарала телефонски разговор помеѓу претседателите Емануел Макрон и Владимир Путин, што е прва директна комуникација по речиси три години. Разговорот, кој траел повеќе од два часа, бил многу содржаен и се фокусирал на ситуацијата во Украина и конфликтот меѓу Иран и Израел.

На новинарско прашање дали францускиот претседател бил подготвен да разговара за мировни услови кои би го признале фактичкиот статус на теренот, Песков изјави: "Не, не покажа. Сепак, имаше размена на мислења и детална дискусија. Ова беше можност за појаснување на позициите."

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk