logo
logo
logo

Најмалку 13 загинати и 57 ранети во вчерашниот израелски напад врз Бејрут

Vecer | 22.10.2024

Најмалку 13 загинати и 57 ранети во вчерашниот израелски напад врз Бејрут

Меѓу загинатите, како што е соопштено, има и дете.

Болницата Рафик Харири, која беше оштетена во нападот, се наоѓа на периферијата на јужните предградија на Бејрут, која е и упориште на проиранското движење Хезболах.

Министерството за здравство соопшти дека 17 ранети се хоспитализирани, а седум од нив се во критична состојба.

Најмалку 1.489 луѓе се убиени во Либан од 23 септември, кога се интензивираа израелските напади врз цели на Хезболах, наведуваат француските медиуми, повикувајќи се на официјални извори./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk