logo
logo
logo

Најмалку 18 загинати во авионска несреќа во Непал- пилотот преживеа (ВИДЕО)

Vecer | 24.07.2024

Најмалку 18 загинати во авионска несреќа во Непал- пилотот преживеа (ВИДЕО)

На местото на несреќата се пронајдени тела на пет лица, а некои локални медиуми објавија дека се пронајдени дури 18 останки, додека пилотот кој управувал со леталото, според првичните информации, го преживеал падот и бил пренесен во болница, пишува „Катманду пост“.

Авионот Saurya Airlines Canadair CRJ-200ER со регистарски број 9N-AME, произведен во 2003 година, ненадејно се превртел за време на полетувањето и удрил во земја со едното крило, се запалил и се урнал во близина на пистата.

Несреќата се случила во 11:15 часот по локално време, велат локални извори кои опширно известуваат за оваа несреќа.

Во подоцнежните извештаи на кои се повикува DMN News, меѓу загинатите е и еден граѓанин на Јемен, а 37-годишниот капетан Маниш Шакија бил префрлен во Универзитетската болница КМЦ со сериозни повреди.

Патниците во овој авион биле вработени како технички персонал во Saurya Airlines и требало да летаат од аеродромот Tribhuvan до аеродромот Pokhara (PKR) за да извршат поправки на еден од авионите.

Saurya Airlines е локална компанија основана во 2017 година која опслужува пет дестинации во три провинции во Непал со авиони Canadair CRJ-200ER.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk