logo
logo
logo

Најмалку 24 луѓе загинаа во големите шумски пожари кои продолжуваат во областа Лос Анџелес

Vecer | 13.01.2025

Најмалку 24 луѓе загинаа во големите шумски пожари кои продолжуваат во областа Лос Анџелес

Најмалку 24 луѓе загинаа во големите шумски пожари кои продолжуваат да ја пустошат областа Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, соопштија властите.

Шеснаесет од жртвите се поврзани со пожарот итон во близина на Пасадена, а осум други со пожарот Палисејдс во областа Пацифик Палисејдс.Од вторникот има неколку големи пожари во регионот, но овие два се најтешки, пренесува ДПА.

Локалните власти стравуваат дека бројот на загинати може да продолжи да расте, бидејќи може да поминат неколку дена пред службите за итни случаи безбедно да пристапат до сите области погодени од пожарите.Пожарникарите се подготвуваат за налети на ветар кои ќе се појават повторно во наредните денови, што го влошува она што властите велат дека може да биде една од најлошите природни катастрофи во историјата на САД.

Одделот за шумарство и противпожарна заштита во Калифорнија соопшти дека околу 12.300 згради се уништени или оштетени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk