logo
logo
logo

Најмалку 50 Палестинци загинале во денешните израелски напади во Газа

Vecer | 15.10.2024

Најмалку 50 Палестинци загинале во денешните израелски напади во Газа

Палестинските здравствени власти соопштија дека најмалку 17 лица се убиени во израелски напад во близина на Ал-Фалуџа во Џабалија, најголемиот од осумте бегалски кампови во Газа, додека други 10 се убиени во Бани Сухаила во источниот дел на градот Кан Јунис во јужниот дел на енклавата.

Претходно денеска, во израелски воздушен напад беа уништени три куќи во предградието Сабра во Газа, а локалните служби за итни случаи соопштија дека две тела биле извлечени од местото на експлозијата и оти потрагата продолжува по 12 лица за кои се верува дека биле дома во моментот на нападот./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk