logo
logo
logo

Најмалку двајца загинати во поплавите во Австралија

Vecer | 22.05.2025

Најмалку двајца загинати во поплавите во Австралија

Над 500 луѓе во Нов Јужен Велс беа спасени од поплавите, кои се најголеми во регионот во последните 104 години. Премиерот на покраината изјави дека во текот на следното деноноќие во некои области може да наврнат до 30 сантиметри дожд. Минс додаде дека 50.000 луѓе се предупредени да се подготват за евакуација.

Спасувачките служби во Нов Јужен Велс соопштија дека во средата попладне било извлечено телото на 63-годишен маж од поплавена куќа во Мото. Утрово било пронајдено и телото на млад маж, кој исчезнал во средата навечер додека се обидувал да помине низ поплавена крстосница.

Локалната полиција соопшти за најмалку две лица кои се водат како исчезнати.

Министерот за вонредни состојби на Нов Јужен Велс, Џихад Диб, изјави дека во текот на последното деноноќие биле спроведени 300 спасувачки операции. Хеликоптери извлекоа луѓе кои биле принудени да излезат на своите покриви и тераси за да се спасат од надојдените води.

Владиниот експерт за метеорологија, Ангус Хајнс, објасни дека од понеделникот наваму атмосферскиот притисок во поплавениот регион е понизок од вообичаениот, поради тоа што на некои места наврнале до 60 сантиметри дожд.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk