logo
logo
logo

Нападната италијанската воена база во Ербил

Vecer | 12.03.2026

Нападната италијанската воена база во Ербил

- Нашата база во Ербил беше погодена од проектил. Помеѓу италијанскиот воен персонал нема загинати или повредени. Сите се на сигурно, објави италијанското МО на Икс.

Шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани на Икс наведе дека италијанските војници по нападот се засолниле во бункер, а сите припадници на контингентот се добро и безбедни.

Тој исто така го осуди нападот врз италијанската база во Ербил.

Нападот се случи во ирачкиот автономен регион Курдистан, каде има повеќе меѓународни воени бази. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk