logo
logo
logo

Нема да има промени во иранската нуклеарна доктрина, вели шефот на иранската дипломатија

Vecer | 18.03.2026

Нема да има промени во иранската нуклеарна доктрина, вели шефот на иранската дипломатија

Тоа го изјави министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, кој уште истакна дека новиот врховен лидер се уште не ја изразил јавно својата позиција по прашањето.

Поранешниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи кој загина уште на почетокот на американско-израелските напади врз Иран, уште во 2000 година со фетва или верски декрет се изјасни против активности за разработка на оружје за масовно уништување.

Западните земји со години го обвинуваат Техеран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје, независно посочениот декрет. Иранските власти пак категорично тврдат дека нуклеарната програма е исклучиво мирнодопска, односно само за цивилни цели.

Арагчи посочи дека вредноста на фетвите зависи од самиот исламскиот правник што ги издава таквите декрети, како и оти засега не може да ги процени правните или политичките ставови на Моџтаба Хамнеи, новиот врховен лидер на Иран. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk