Тоа се случило во близина на аеродромот Пит Гринвил околу 7:50 часот по локално време, јави ABC News.
Властите соопштија дека нема преживеани.
Претставниците на ФАА во соопштението изјавија дека авионот бил Beechcraft Bonanza, а во него имало две лица.
На социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледа целосно уништен авион, а полицијата и спасувачките екипи се на местото на настанот.
No survivors found after private plane crashes near Greenville airport, NCSHP says https://t.co/FIvmMegdqQ
— ABC11 EyewitnessNews (@ABC11_WTVD) March 14, 2025
Нивниот идентитет не е соопштен.Истрагата е во тек.Никој на теренот не е повреден.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата