logo
logo
logo

Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел

Vecer | 29.12.2024

Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел

Одлуката да се оперира Нетанјаху во засилена операциска сала е донесена поради загриженост за можен ракетен истрел за време на операцијата.

Ракети се истрелани и од Јемен и од Газа во правец на областа Ерусалим во изминатите 48 часа.

Нетанјаху денеска ќе биде опериран под целосна анестезија и ќе остане во болница неколку дена по операцијата за отстранување на простатата, изјави денеска неговиот адвокат.

Министерот за правда на Израел Јаир Левин ќе биде привремен премиер додека операцијата е во тек, објавија израелските медиуми.

Израелскиот министер за одбрана Јаир Кац ќе има овластување да го свика кабинетот задолжен за безбедност доколку е потребно.

Израелските медиуми ја пренесуваат информацијата од веб-страницата на клиниката Мајо дека пациентите по таква операција обично се отпуштаат од болница за ден или два.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk