logo
logo
logo

Нетанјаху повика на истрага за убиството на Израелецот кој го спречи нападот во Ерусалим

Vecer | 03.12.2023

Нетанјаху повика на истрага за убиството на Израелецот кој го спречи нападот во Ерусалим

Нетанјаху денеска повика на „темелна истрага“ за фаталното пукање на Јувал Дорон Кастлман, цивилот кој одговори на нападот во четвртокот во Ерусалим и самиот беше застрелан и убиен, очигледно од војник кој исто така одговори.

„Јувал Дорон Кастлман е херој на Израел. Со врвен чин на храброст, Јувал спаси многу животи. Меѓутоа, за жал, таму се случи страшна трагедија - и човекот што спаси други беше убиен. Мора да има темелна истрага“, рече Нетанјаху.

Каслман починал во медицинскиот центар Шааре Зедек, откако бил пренесен таму, тешко ранет на местото на нападот, објави болницата доцна во четвртокот. Три други жртви загинаа претходно во четвртокот.

Видеата од нападот широко циркулираа на социјалните мрежи и емитувани на израелската телевизија, на кои се гледа како Каслман трча преку улицата кога виде двајца мажи како пукаат во луѓе на автобуска станица во Ерусалим. Тој испука со својот пиштол кон нив неколку пати додека тие се враќаа во својот автомобил откако пукале во луѓето.

Во меѓувреме, од другата страна на автомобилот на напаѓачите, униформиран војник исто така почнува да пука. Кастлман, очигледно сфаќајќи дека може да биде помешан со еден од напаѓачите, го фрла пиштолот, паѓа на колена, ја отвора јакната за да покаже дека не носи самоубиствен елек и ги крева рацете. Се чини дека војникот пука во него откако неговите раце се кренати.

Израелските одбранбени сили првично рекоа дека нема да го истражат инцидентот.

Во услови на широко распространето медиумско покривање за смртта на Кастлман, израелската полиција соопшти дека ќе ја истражи, а ИДФ потоа рече дека ќе се вклучи во истрагата бидејќи осомничениот за убиството е војник.

Одговорноста за нападот ја презеде Хамас. Израел во петокот го наведе тоа како кршење на примирјето во непријателствата меѓу Хамас и Израел, објави Си-Ен-Ен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk